Channel Avatar

TheMKDocs - Документарен канал @UCxkcuXVPHybpM7k0HVT704g@youtube.com

5.5K subscribers - no pronouns :c

Macedonian documentaries, videos, commercials...


Welcoem to posts!!

in the future - u will be able to do some more stuff here,,,!! like pat catgirl- i mean um yeah... for now u can only see others's posts :c

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

На денешен ден во Прилеп е роден е Методија Андонов - Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ, непоколеблив родољуб за Македонската кауза. Уапсен е од југословенската власт и неговиот живот е буквално уништен. Народот никогаш не заборави кој е Ченто! Судбината слично си поигра со неговиот внук, Јане Ченто кој беше уапсен и осуден од власта во 2017 година, лажно осуден и затворен.

0 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

“Кога ги делеа децата, како јагнишчата коа се дељат од буљук, од мајките... Ние плачеме од ваа страна, тие плачат од таа страна... имавме деца и од 6 месеца и од 3 месеца , во раце ги носевме“ - Сведоштва на егејските Македонци, епизода 3

0 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

„Во семејството бевме деветмина. Три деца заминавме, а дома останаа дедо ми и баба ми, мајка ми и татко ми и двете сестри. Сите беа мобилизирани, дури и постарата сестра Кираца, иако беше леунка со мало бебе.“ - Сведоштва на егејските Македонци, епизода 2

0 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

На денешен ден во Велес е роден Панко Брашнаров, Македонски револуционер, живиот свидетел на два Илиндена. Како најстар делегат го отвора Првото заседание на АСНОМ пеејќи ја “Изгреј зора на слободата“.

„Другарки и другари народни претставители,


Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчињски“ и на овој историски ден - ИЛИНДЕН -, кога објавуваме да е отворено Првото антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнета со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.



Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединета Македонија...“ - Дел од говорот на Панко Брашнаров на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Свети Прохор Пчињски


Умира во сурови и нечовечки услови на Голи Оток на 13 јули 1951 година

0 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

„Секаде каде што одевме ни велеа ќе учите и ќе се вратите назад. Навистина, сите учевме и сите завршивме школи, но не се вративме. Ни кога заврши војната, ни по две, ни по десет години, ни по четириесет. Сме биле Македонци, вели грчкиот закон, а за такви немало враќање...“ - Сведоштва на егејските Македонци, прва епизода

1 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

Најтажниот дел од поновата Македонска историја, колонизацијата на Беломорска Македонија и протерувањето на егејските Македонци.
Погледнете го документарниот филм за грчката колонизација на Македонија.

0 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

ВМРО: Левите организации и струи 1918-1934 (епизода 10)

0 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

Расцепот во ВМРО (епизода 9)

0 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

ВМРО Михајловистичка (епизода 8)

0 - 0

TheMKDocs - Документарен канал
Posted 1 year ago

Автономистичка ВМРО (епизода 7)

0 - 0